Ливерпул и Ајакс во 1/8 финале, Интер го „растури“ Шериф (видео)

460

FOTO> Twitter/UEFA Champions League

Вечерва се доиграа осумте натпревари од 4. коло во ЛШ. Ливерпул го совлада Атлетико Мадрид со 2:0 и веќе е осминафиналист затоа што има 12 бода, осум повеќе од третиот Атлетико и седум повеќе од вториот Порто.

Порто и Милан ремизираа во оваа група (1:1), а Ливерпул со головите на Жота и Мане во првото полувреме ја однесе победата. Од 36. минута Атлетико играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фелипе. Ова е втора победа по ред на Ливерпул против Атлетико затоа што славеше и на „Метрополитано“ со 3:2.

А се чини си дојде се на свое место во групата Д. Молдавски Шериф по двете сензации во првите две кола, нареди два порази. И двата од Интер. Првиот на „Меаца“, а вечерва на свој терен загуби со 0:3. Бобан Николов поради повреда го пропушти дуелот. „Нероаѕурите“ славеа со погодоците на Брозовиќ, Шкринијар и Санчез во второто полувреме.

Сега Шериф падна на третото место (6 бода), а Интер е втор (7 бода), додека Реал е прв (9 бода) со победата над Шахтјор со 2:1.

Ајакс обезбеди пласман во 1/8 финалето со триумфот над Борусија Дортмунд со 3:1 во групата Ц и тоа во Германија. Холанѓаните ја запишаа четвртата победа во групата, а дојдоа до триумф со пресврт. Борусија остана со играч помалку во 29. минута поради црвен картон на Хумелс. Но Ројс од пенал погоди за водство, додека во второто полиувреме Душан Тадиќ, Себастијан Але и Дејви Класен донесоа победа за Ајакс.

Лајпциг му зема бод на ПСЖ откако одигра 2:2. Германците водеа, Донарума одбрани пенал, а ПСЖ со два гола на Вајналдум донесе пресврт. Но Лајпциг спаси бод во 92. минута преку Собослаи.

РЕЗУЛТАТИ, 4.КОЛО
МИЛАН – ПОРТО            1:1
РЕАЛ М. – ШАХТЈОР       2:1
БОРУСИЈА Д. – АЈАКС    1:2
ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО              2:0
МАН.СИТИ – БРИЖ        4:1
РБ ЛАЈПЦИГ – ПСЖ         2:2
ШЕРИФ – ИНТЕР              1:3
СПОРТИНГ – БЕШИКТАШ            4:0

ПретходноВидал: Имам време да заиграм и во Премиер лигата
СледноФилип за Кирил Лазаров: Кога нему му се спиеше, не смеев да дишам!