ЛШ: Милан пак не победи, Бензема му носи победа на Реал (видео)

261

Екипата на Милан освои само бод на значајниот натпревар против Порто во 4. коло од групната фаза и остана на последното место со речиси „микронски“ шанси за второто место кое води во осминафиналето. „Росонерите“ го запишаа првото реми откако вечерва одиграа нерешено со Порто на „Сан Сиро“ 1:1 и останаа заковани на дното со само еден бод.

Па дури теорија е и третото место кое води во Лига Европа. Атлетико вечерва игра со Ливерпул и ако победи „росонерите“ ќе останат последни со никакви шанси да мрднат едно место понапред.

Во наредните две кола Милан ќе игра со Атлетико во гости и со Ливерпул дома.

Луис Диас донесе водство за Порто во 6. минута, а Милан стигна до бод со автогол на Мбемба во 61. минута.

ГОЛОТ НА ПОРТО НА ОВОЈ ЛИНК
ГОЛОТ НА МИЛАН НА ОВОЈ ЛИНК

На „Бернабе“ Реал го совлада Шахтјор со 2:1 и ја држи челната позиција во групата Д со 9 бода, три повеќе од Шериф кој има и меч помалку (вечерва со Интер). „Кралевите“ славеа со головите на Бензема еден во првото и еден во второто полувреме, додека за гостите стрелаше Фернандо во првиот дел од мечот. Украинците се последни со само еден бод.

ПретходноМЗТ е „друга планета“ за Работнички
СледноОд Свети Николе до Нант, Кирил Лазаров го промовираше автобиографското дело (ФОТОГАЛЕРИЈА)