Во рамките на 4. коло во Лигата на шампиони, ПСЖ вечерва ќе му гостува на Лајпциг.
Во рамките на 4. коло во Лигата на шампиони, ПСЖ вечерва ќе му гостува на Лајпциг.
Францускиот тим во Германија допатува без Лионел Меси, кој нема да конкурира за оваа средба. Еден од најдобрите играчи на сите времиња има проблем со повредата на коленото и во овој момент никој не знае кога ќе се врати на терените.
За неговата повреда зборуваше и Маурицио Покетино, кој исто така нема информација за аргентинскиот фудбалер.
„Кога ќе биде подготвен? Се надеваме дека наскоро ќе се опорави и за кратко време ќе биде со тимот. Во овој момент не можам да кажам ништо повеќе“, рече Покетино.
Тој го коментираше и мечот со Лајпциг.
„Мораме да победиме, имаме голема одговорност. Со добар пристап можеме да дојдеме до триумфот“, рече Покетино.
Она што беше најавено е дека Меси можно е да отпатува во Мадрид на рехабилитација, каде се опоравуваше во 2015 година по повредата на левиот лигамет на коленото.