Пелистер остана без првата дама!

1741

Мери Ковачевска, претседателката на КК Пелистер си поднесе оставка од оваа функција, но и од сите дејности во битолскиот прволигаш. Првата дама на лидерот на табелата во Првата лига, не ја кажа вистинската причина, само побара во најбрз можен рок да бидат превземени сите дејствија за престанок на нејзината работа во клубот.

„Јас, Мери Ковачевска, претседател на Одборот на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Пелистер, денеска, на ден 03.11.2021 година, ја давам мојата оставка на функцијата Претседател и член на Одбор на директори.

Причината поради која ја поднесувам оваа оставка се приватните и професионални обврски кои не ми дозволуваат повеќе професионално да ги извршувам обврските на функцијата. Притоа, барам во најкраток можен рок, а согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, Одборот на директори да ги преземе сите дејствија во насока на престанок на мојата функција“, објави Ковачевска.

ПретходноФердинанд има порака за Јунајтед: Ако играте вака и со Сити ќе примите пет гола!
СледноБејл одново си игра со Реал Мадрид: Ни самиот Анчелоти не верува во своите зборови