По најавите дека Унаи Емери денеска треба да отпатува во Англија на финални преговори со Њукасл, претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, ги демантираше гласините, наведувајќи дека досега никој не ги контактирал за евентуално заминување на нивниот прв тренер.
„Никој не ми се јавил да ме праша за Емери. Не знам апсолутно ништо. Никој ништо не ни кажал и не знам од каде доаѓа оваа вест. Виљареал нема никаква комуникација со наведениот клуб. Унаи и јас имаме добра соработка, но навистина не можам да знам што ќе донесе иднината. Ние сме три страни во ова прашање, но знам дека сме среќни со Унаи и Унаи е среќен во Виљареал“, изјави Роиг.