Словенечките НБА ѕвезди во ист клуб: Драгиќ и Дончиќ заедно во Далас?

253

Капитенот на словенечка кошаркарска репрезентација, Горан Драгиќ, има големи шанси да заврши во Далас и во продолжението од сезоната да игра со првата ѕвезда на репрезентацијата на Словенија, Лука Дончиќ.

Според дел од словенечките и американските медиуми, Драгиќ веќе четири меча не игра за Торонто иако е потполно здрав, па веќе почнал да негодува и да бара да биде трејдуван.

35-годишниот Драгиќ оваа сезона има договор од 19,4 милиони долари и токму оваа бројка е главната причина зошто Канаѓаните сè уште не го нашле вистинското место за него. Клубовите веќе имаат добро исполнет буџет и оваа сума може да им предизвика главоболки.

Сепак, се зборува дека Далас е голема желба на Драгиќ, кој сака да се спои со Дончиќ и да одигра една сезона за тексашаните. Во овој момент, сите индикации се дека тоа тешко дека може да се реализира, но Далас во неколку наврати истакна дека таков калибар на кошаркар и тоа како им е потребен.

ПретходноПретседателот на Виљареал не знае дека Емери заминува во Њукасл
СледноДробаров во „Тимот на колото“ во Бугарија (ФОТО)