Синоќа Кристијано Роналдо повторно го спаси Манчестер Ј. од пораз, откако со два гола успеа да донесе 2:2 на гостувањето во Италија против Аталанта.
За „црвените ѓаволи“ тешкиот распоред на натпревари сега значи голема градска пресметка со Манчестер Сити, за која некогашната ѕвезда на тимот од „Олд Трафорд“ вели дека ќе биде „пеколно тешка“.
„Манчестер Јунајтед нека не помислува да игра како против Аталанта вечерва и на мечот со Сити. Ако го сторат тоа, повторно ќе добијат силна шлаканица. Ќе биде три, четири или пет разлика, бидејќи не покажуваат почит кон противникот. Вечерва се извадија благодарение на еден брилијантен момент и Роналдо повторно ги спаси“, изјави Фердинанд во анализата на синоќешниот меч.