Младите „триколори“ со Камавинга на Арената “Тодор Проески“!

219

Младата репрезентација на Македонија во ноемвруи ја чека две квалификациски средби за пласман на ЕП 2023 година. Селекторот Драган Канатларовски пред два дена веќе го објави списокот за мечевите со Украина на 11 ноември и Франција пет дена подоцна. И двата меча ги играме во Скопје, но првиот на ФФМ а вториот со Франција на Арената “Тодор Проески“.

Селекторот на Франција, Силвиан Рисполи, денеска го објави списокот за У-21 за мечевите со Ерменија и со Македонија. На него е и ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга кој во август од Рен за 30 милиони евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Ошто познато е дека овој млад играч за врска важи за еден од најталентираните во светот.

ФОТО: Twitter

ПретходноБрдаровски: Не “летаме“, има уште многу за да стигнеме до целта!
СледноНаполи против Легија и пеколната атмосфера (видео)