Противникот на Македонија триумфално во Тунис, рафал на Вујовиќ

356

Црна Гора, еден од противниците на Македонија на претстојното Европско првенство 2022 година, со победа го отвори турнирот во Тунис. Оваа селекција беше подобра од Швајцарија ја совлада со 35:31 (17:13). Црногорците доминираа во текот на целиот меч иако настапи во комбиниран состав. Милош Вујовиќ со 13 голови е прв стрелец зад него со шест погодоци е Бранко Вујовиќ, Небојша Симовиќ запиша четири. Вториот меч на турнирот, Црна Гора го игра во петок против домаќинот Тунис. Македонија и оваа репрезентација на ЕП 2022 ќе се сретнат на 15 јануари во рамките на второто коло во групната фаза.

ФОТО: handballme.me

ПретходноШпанската легенда: Дајте му ја „Златната топка“ на Левандовски или јас ќе му дадам мојата!
СледноПознати сите детали: Чави утре доаѓа во Барселона, каталонците ќе платат 5 милиони евра!