Како што e познато, поради собирот на нашите репрезентации за ноемвриските мечеви, 13.коло од ПМФЛ е посместено за в сабота, додека мечевите од двете втори лиги ќе се играат во недела. Сепак и таму има промени. Имено три средби од 10.коло во ВМФЛ – ИСТОК и ВМФЛ – ЗАПАД, место во недела (07.11) ќе се играат ден порано, в сабота (06.11). А тоа се мечот од западот меѓу Воска Спорт и Гостивар, како и средбите од истокот меѓу Кит Го – Победа и Беласица – Детонит. Сите останати, како што веќе напоменавме, се играат во недела со почеток од 13 часот.