Шпанската легенда: Дајте му ја „Златната топка“ на Левандовски или јас ќе му дадам мојата!

475

Луис Суарез, поранешниот фудбалер на Барселона и Интер, во свое време еден од најдобрите играчи во светот, даде интересна изјава по повод доделувањето на „Златната топка“, за тоа кој е најдобриот фудбалер за 2021 година.

Легендарниот Суарез, кој во 1960 година ја доби оваа награда, смета дека Роберт Левандовски заслужува да биде прогласен за најдобар.

По ѓаволите. Дајте му ја `Златната топка` на Левандовски, во спротивно јас ќе му ја дадам мојата“истакна Суарез во една ТВ емисија.

ПретходноТри второлигашки меча место во недела, ќе се играат в сабота!
СледноПротивникот на Македонија триумфално во Тунис, рафал на Вујовиќ