Јокиќ со 34 поени и дабл-дабл – трагичар во Денвер (ВИДЕО)

233

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Мемфис со 108-106. Најдобар на средбата беше Никола Јокиќ. Актуелниот МВП во НБА-лигата на теренот мина 35. минути за кои постигна 34 поени со 10/10 од линијата за слободни фрлања, зад своето име додаде 11 скока и пет асистенции.

Сепак и покрај оваа неверојатна партија, на крајот ја имаше улогата на трагичар. Јокиќ имаше шут да за продолжение, но промаши на девет секунди до крајот, топката заврши на обрачот. Во победничкиот тим најефикасен беше Џексон со 22 поени.

ПретходноФилип за Кирил Лазаров: Кога нему му се спиеше, не смеев да дишам!
СледноАл Сад не сака пари за Чави, побара нешто друго!