Идната недела продолжуваат квалификациите за СП 2022, а Аргентина ќе игра два дуели во јужноамериканската група и тоа на 12 ноември против Уругвај во Монтевидео, а четири дена подоцна против Бразил во Сан Хуан.
Селекторот Лионел Скалони го врати Пауло Дибала, тука се Меси, Ди Марија, но и осум нови играчи: Енцо Фернандес, Тијаго Алмада, Сантијаго Симон, Езекиел Зебаљос, Кристијан Медина, Матијас Суле, Гастон Авила и Федерико Гомес Герт.
Дел од нив се поранешни, а дел се актуелни играчи на младинските селекции на Аргентина кои никогаш не заиграле за сениорите.
Argentina squad for World Cup qualifiers in November against Brazil and Uruguay. pic.twitter.com/CURAhA7qUV
— Roy Nemer (@RoyNemer) November 3, 2021