Со собирот во салата на СРЦ „Кале“ вечерва и официјално започнаа подготовките на женската сениорска репрезентација. Очекувано, новиот предводник на нашата најдобра женска селекција, Александар Ашаданов, не го дочека комплетниот состав. Посебно ако се земат во предвид обврските кои ги имаа кошаркарките на Бадел 1982 и на Баскет КАМ во женската верзија на Јадранската лига, како и кошаркарките кои настапуваат во странство. Некои од нив како Девана Бонер и Матеја Николиќ, во САД.
Па првиот тренинг практично помина во, условно кажано, „запознавање“ на Ашаданов со кошаркарките кои се појавија на паркетот во „Кале“.
„Со вечерашниот тренинг официјално започнуваат подготовките за првиот прозорец од квалификациите. Нè очекува период во кој покрај тактичкиот дел ќе ја градиме и тимската атмосфера која за мене и стручниот штаб е една од најважните работи за успех“-велиАшаданов и продолжи…
„Започнуваме со помал број на репрезентативки, но веќе на утрешниот тренинг очекуваме да ни се приклучат Селцова, Николиќ, Стојановска, Трајчевска, Димитријевиќ, Блажевска, Димова и Кметовска. Кошаркарките на Бадел 1862 се поштедени од денешниот тренинг заради вчерашното гостување во WABA лигата, додека Николиќ и Селцова треба да пристигнат вечерва“.
Новиот селектор очекува тимот да биде комплетиран на почетокот на следната седмица.
„Целосното комплетирање на екипата е во понеделник кога ќе се појават Митрашиновиќ, Бонер, Митрева и Коџобашиоска кои