Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан ќе паузира околу еден месец, откако се повреди на мечот од Лигата на Шампионите против Аталанта на гостински терен кој патем заврши 2:2.
Тој самиот побара замена уште во првото полувреме, а повредата е на бутниот мускул.
Сега ќе мора менаџерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер и во онака порозната одбрана на Манчестер Јунајтед сезонава да бара алтернативни решенија на стоперската позиција и да му даде полна минутажа на некого кому досега првотимскиот статус не му бил загарантиран.