Од толку многу тренерски имиња, Њукасл го одбра Един Хоув за нов менаџер, пренесува „Скај Спортс“. Се споменуваа познати тренерски имиња, за на крајот новото раководство на Њукасл да се одлучи да го ангажира поранешниот стратег на Борнмут.
Според „Скај Спортс“ Хоув и Њукасл се договориле за соработка на две и пол години.
Инаку Хоув два пати беше тренер на Борнмут, прво од 2008 до 2011, па од 2012 па до 2020 година. Една сезона (2011/12) го раководеше Барнли.
Најголем успех му е триумфот со Борнмут во Чемпионшип дивизијата во 2014/15 и пласман во Премиер лигата.