Екипата на Партизан освои само бод на гостувањето кај белгиски Гент (1:1) во рамките на 4. коло во Конференциската лига на УЕФА. Гент е прв во групата со 10 бода и веќе е во следната фаза, а Партизан со 7 е зад него, додека Флора и Анортозис имаат по 2 бода.
„Црно-белите“ од Белград поведоа со прекрасниот гол на Слободан Урошевиќ во 65. минута меѓутоа „поглавиците“ дојдоа до реми со погодок на Тидусали десет минути пред крајот.
На другите натпревари:
Флора – Анортозис 2:2
Каират – Карабах 1:2
АЗ – Клуж 2:0
ЛАСК – Алашкерт 2:0
Линколн – Слован 1:4
Макаби Т.А. – Хелсинки 3:0
Омонија – Базел 1:1
Рандерс – Јаблонец 2:2
Зорја – ЦСКА Софија 2:0
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
Рома – Бодо/Глимт
ПАОК – Копенхаген
Рен – Мура
Славија Прага – Макаби
Тотенхем – Витесе
Унион Берлин – Феенорд