Фудбалерите на Црвена Звезда доживеаа пораз вечерва од Митјиланд во рамките на 4. коло на Лигата на Европа. Вечерва на „Рајко Митиќ“ српскиот шампион немаше ни среќа, но и стабилност, рано остана со фудбалер помалку затоа што црвен картон доби Дегенек, а на почетокот на второто полувреме Канга си постигна автогол.
До крајот на мечот Звезда не успеа да даде гол, во 94 минута остана со уште еден фудбалер помалку (исклучен Гобељиќ) и го загуби дуелот и со тоа им даде шанса на Данците да стигнат до нокаут фазата. Во групата Брага скокна на чело со 9 бода по победата со 4:2 над Лудогорец, а Звезда е втора со 7 бода, а Митјиланд е трет со 5.
Динамо Загреб ја победи Рапид Виена со 3:1 и ја забележа втората победа во групата. Стефан Ристовски ги одигра последните пет минути од мечот, а Адеми поради повреда го немаше ни на клупата. Во оваа група лидер е Вест Хем со 10 бода, а Динамо е втор со 6, Генк има 4, додека Рапид 3.
ОД 18:45 ч.
Брондби – Ренџерс 1:1
Галатасарај – Локомотив М. 1:1
Генк – Вест Хем 2:2
Легија – Наполи 1:4
Лион – Спарта Прага 3:0
Монако – ПСВ 0:0
Олимпијакос – Ајнтрахт 1:2
Сосиедад – Штурм 1:1
ОД 21:00 ч.
Антверпен – Фенербахче 0:3
Баер Леверкузен – Бетис 4:0
Брага – Лудогорец 4:2
Црвена Звезда – Митјиланд 0:1
Динамо – Рапид Виена 3:1
Ференцварош – Селтик 2:3
Лестер – Спартак М. 1:1
Марсеј – Лацио 2:2