Жозе Мурињо одново се најде во центарот на вниманието. Португалскиот стручњак се огласи на својот „Инстаграм“ профил, жестоко го прозва Јувентус, односно неколку одлуки на судиите во корист на тимот од Торино.
Тој објави две фотографии. Првата од мечот Јувентус – Рома, во центарот на вниманието беше пеналот на Веретут од финишот на првиот дел. Оваа средба заврши со победа на „Страта Дама“ од 1-0.
Тогаш играчот на Рома постигна гол за 1:1, но судиите решија да го поништат бидејќи играчите втрчаа во шеснаесетникот пред време. Веретут во вториот обид не постигна гол.
Втората фотографија е од натпреварот Јувентус – Зенит кој се одигра во вторникот, а клубот од Торино славеше со 4:2.
Во центарот на вниманието беше пеналот на Дибала, кој погоди за 2:1, а се случи истата ситуација играчите прерано втрчаа во шеснаесетникот, но овојпат голот на „Старата дама“ не беше поништен.
Ова очигледно го налути Мурињо: „Едниот пенал мораше да се повтори, а другиот не. Погодете кој не …“.
View this post on Instagram