Се чини дека се е готово, само се чека официјалната потврда на Барселона. Имено Чави Ернандез, клупската легедна на Барселона кој досега беше тренер на Ал Сад од Катар, е новиот шеф на струката на каталонскиот гигант.
Познати се сите детали. Чави утре доаѓа во Барселона, викендов ќе ја “скенира“ екипата на мечот со Селта во Виго, а своето деби како тренер на Барселона ќе го има на 20 ноември и тоа против Еспањол.
За раскин на договорот, Ал Сад ќе добие 5 милиони евра. Ова се последните најави од Барселона.