Познат списокот и на Исланд!

235

Она што во текот на вчерашниот ден го направија селекторите на Македонија и Ерменија, тоа денеска го стори предводникот на репрезентацијата на Исланд, Арнад Видарсон. Имено тој го објави списокот на играчи за последните два меча од квалификациите за СП во Катар 2022, во групата – Ј. Познато е дека Исланд на 11 ноември игра со Романија на гости, а три дена подоцна гостува во Скопје, каде игра со четата на селекторот Благоја Милевски. Овој меч започнува во 18 часот на 14 ноември и ќе биде последен за двете селекции во овие квалификации.

Инаку списокот на Видарсон е следниот:

Олафсон (Митјиланд), Гунарсон (Викинг), Рунарсон (Леувен), Самстед (Бодо/Глимт), Саварсон (Валур), Бјарнасон (Лече), Леифсон (Стромсгодсет), Гретарсон (Блекпул), Олафсон (Есјберг), Скуласон (Норчепинг), Пораинсон (Њујорк Сити), Бјарнасон (Адана), Балдурсон (Копенхаген), Гудмунсон (Алкмар), Елертсон (Спал), Пордасон (Силкеборг), Прадарсон (ОБ), Јоханесон (Копенхаген), Хелгасон (Лече), Порстеинсон (АГФ), Траустасон (Њу Ингланд), Кјартасон (Валеранга), С. А. Гудјонсон (Елфсборг), А. Л. Гудјонсон (Реал Мадрид).

ПретходноМеси во договорот има клаузула „Аргентина“
СледноШокантен потег на Скалони: Од Б-тимот на Јуве во селекцијата на Аргентина!