Поразот на Работнички во една фотографија

423

МЗТ Скопје излезе како победник од првото дерби оваа сезона. Актуелниот македонски првак во СЦ „Јане Сандански“ му одржа лекција на својот градски ривал, Работнички, го урна по само едно полувреме, на крајот славеше со убедливи 87:66.

Тимот од Аеродром буквално доминираше, им испрати порака на Тони Симиќ и неговите момци дека во овој момент се далеку од посакуваната форма. За да се урне актуелниот првак треба многу повеќе.

Можеби неочкуваната разврска на теренот – го замисли стручниот штаб кој беше неможен наспроти посилниот состав на МЗТ Скопје. А како се чувствуваа истите говори фотографијата на нашиот фоторепортер, Петр Стојановски, кој на едноставен начин успеа да го долови поразот на Работнички во Аеродром.

ПретходноАл Сад не сака пари за Чави, побара нешто друго!
СледноМурињо жестоко го прозва Јувентус