Ракометарите летаат за Египет, четворица остануваат дома, меѓу нив и Стоилов

1217

Египет е следната дестинација за Македонската ракометна репрезентација. Денеска, избраниците на Кире Лазаров заминуваат за Каиро каде што утре и задутре се закажани две контролни средби со домашната репрезентација на Египет, која што инаку е актуелен полуфиналист од последните Олимписки игри.

На ова паутвање нема да бидеме комплетни затоа што во Скопје ќе останат неколку репрезентативци од најразлични причини.

Столе Стоилов на иницијатива на неговиот клуб Вардар ќе остане дома затоа што има повреда за среќа во рана фаза но сите инволвирани страни не сакаат да ризикуваат ништо. Па така Стоилов ќе биде ослободен од обврските.

Од друга страна со оглед на фактот што со Петар Маџовски се е во ред, за Египет не патува и неговата потенцијална замена Петар Атанасијевиќ. Повредата на Томи Јагуриновски не е од посериозен карактер, но тој не патува за Египет. Последниот играч кој дефинитивно не патува е голманот Градимир Чаневски.

ПретходноСе огласи и Чави: Сакам да се вратам дома
СледноСудии за ПМФЛ: Јакимовски ќе им суди на Тиквеш и Борец