Конечно по десетина дена шпекулации на темата нов тренер на Барселона, во јавноста се огласи и самиот Чави Хернандез кој е најсериозен кандидат за функцијата. Делегацијата на Барселона замина во Катар на директни преговори со него и со управата на неговиот сегашен клуб Ал Сад.
„Веќе со денови се разговара на темата и се е подготвено. Двата клуба го знаат мој0от став и се надевам дека се бргу ќе се заврши. Сакам да се вратам дома. Кам бекот во Барселона ќе биде спектакуларен и пред се возбудлив“ – изјави Чави.