Македонскиот тим со пораз се враќа од гостувањето кај Ирони во рамките на третото коло во БИБЛ лигата. ТФТ беше далеку од рамноправен противник, овој дуел го загуби со убедливи 102-63. Израмнета игра имаше само во првата четвртина (18-18). Во следниот период домашниот тим одигра на повисоко ниво, набрзина дојде до двоцифрено водство. На одморот беше 47-34. ТФТ не успеа да се врати беше немоќен во секоја смисла на зборот, Ирон без проблем го приведе мечот во своја корист. Ландриус Хортон имаше 14 поени и 5 скока, Алекандар Костоски запиша еден помалку.