Цела фудбалска јавност во Аргентина е во шок. Имено селекторот Лионел Скалони, за претстојните мечеви на “гаучосите“ го повика младиот Матијас Соуле (18 години). Шокот е поради фактот дека овој фудбалер никогаш не играл ниту за младата репрезентација на Аргентина, а е член на Б- тимот на Јувентус. А овој тим како што е познато се натпреварува во Серија Ц. И најинтересно е тоа што Соуле досега има 10 настапи за Б- тимот на Јуве, но нема постигнато ниту еден гол. Јасно е дека селекторот Скалони тешко дека ќе му даде шанса на мечевите со Уругвај и Бразил, веројатно на Соуле доволно ќе ми биде да ја почувствува соблекувалната и да биде меѓу сите оние силни мега – ѕвезди на Аргентина на чело со Лео Меси.