Њукасл подготвува голем трансфер, затропа на вратата на Баерн

348

Според водечките светки медиуми, Њукасл се подготвува за голем трансфер, ја сака ѕвездата од редовите на Баерн Минхен.

Никлас Зуле е желбата на премиер-лигашот. 26-годишниот дефанзивец на Баварците сака да се проба во англискиот фудбал, па сигурно нема да има ништо против да потпише за Њукасл.

Тој има договор до крајот на сезоната, а неговата вредност во овој момент изнесува 35 милиони евра. Јануари ќе биде шанса за Баерн да се обиде да заработи од неговиот трансфер, бидејќи во јуни ќе замине како слободен играч.

Њукасл веќе подготви терен, во следните денови ќе испрати сериозна понуда на адресата на баварскиот тим.

Зуле е стандарден репрезентативец на Германија, одигра 37 меча, во редовите на Баерн дојде во 2017 година од Хофенхајм.

ПретходноГвардиола: Пишуваа за мене поради една изјава – која беше чиста вистина!
Следно„Во еден момент јас и Робен бевме подобри од Меси и Роналдо“