Манчестер Сити синоќа пред своите навивачи го победи Клуб Бриж со 4-1 во Лигата на шампиони.
Пред овој натпревар во центарот на вниманието се најде англискиот тренер, Пеп Гвардиола кој изјави дека е ова е најважниот меч за Сити во овој момент и дека истиот е на прво место, дури пред пресметката со Јунајтед.
„Овој меч против Клуб Бриж е поважен од дуелот со Јунајтед. Ова е шанса да се најдеме во следната рунда во Лигата на шампиони. Во Премиер-лигата имаме уште многу натпревари, а во групната фаза во ЛШ, вкупно шест. Навистина се малку и немате право на лош ден“, изјави Гвардиола.