Усман Дембеле се претвора во најгоемото разочарување во фудбалскиот свет во последната деценија. Играчот на Барселона вреден според неговиот трансфер од Борусија Дортумнд своевремено, цели 140 милиони евра четири месеци беше повреден, а откако конечно заигра во дресот на Каталонците на дуелот од Динамо Киев неделава на „изненадување“ на сите повторно се повреди.
Клубот објави дека страдала задната ложа на Дембеле и не се знае колку тој ќе одуствува од теренот.