КЛ: Рома пак не го победи Бодо, пет гола и три црвени картони на Тотенхем-Витесе

290

Во Конференциската лига Рома и во вториот меч не успеа да го совлада норвешки Бодо/Глимт. На првиот меч Бодо победи со 6:1, а вечерва во Рим мечот заврши 2:2. Гостите два пати водеа, а римјаните изедначуваа и на крајот се задоволија со бод.
Во оваа група Бодо е лидер со 8 бода, Рома има 7, Зорја 6, а ЦСКА Софија само 1 бод.
„Весело“ беше во Лондон на „Вајт Харт Лејн“. Антонио Конте и неговите фудбалери имаа одличен старт, но потоа стравуваа за резултатот против холандски Витесе. Победија со 3:2 но нималку не беше лесно. Од 15. до 28. минута Тотенхем поведе со 3:0 (голови на Сон, Лукас, автогол на Расмусен), а до крајот на полувремето Расмусен и Беро го намалија резултатот.
Во второто полувреме „фрчеа“ картони. Кристијан Ромеро беше исклучен кај Тотенхем, потоа Витесе остана со двајца фудбалери помалку затоа што Доеки и голманот Шуберт мораа надвор поради втор жолт картон односно играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Во оваа група Г Рен е прв со 10 бода, Тотенхем има 7, Витесе 6, а Мура е без триумф.

На другите натпревари:
Флора – Анортозис        2:2
Каират – Карабах           1:2
АЗ – Клуж           2:0
ЛАСК – Алашкерт            2:0
Линколн – Слован         1:4
Макаби Т.А. – Хелсинки              3:0
Омонија – Базел             1:1
Рандерс – Јаблонец      2:2
Зорја – ЦСКА Софија     2:0

ОД 21:00 ч.
Рома – Бодо/Глимт     2:2
ПАОК – Копенхаген    1:2
Рен – Мура    1:0
Славија Прага – Макаби    1:0
Тотенхем – Витесе       3:2
Унион Берлин – Феенорд     1:2

ПретходноЛЕ: Дански шок за Звезда, Динамо лесно против Рапид (видео)
СледноМеси експресно замина за Мадрид