Екипата на Наполи го „преживеа“ пеколот во Варшава. Вечерва во рамките на 4. коло во групата Ц во Лигата на Европа, екипата од „Сан Паоло“ славеше убедлива победа на гостувањето кај Легија. Иако губеше по првото полувреме со 1:0, Наполи во вториот дел успеа да даде четири гола и да слави со 1:4.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во составот на Наполи од првата минута и играше до 65. минута кога резултатот беше 1:1. Од 75. па до 90. минута преку Мертенс, Лозано и Унас Наполи ги обезбеди трите бода.
Наполи е лидер на табелата со 7 бода, Легија има 6. Лестер (4) и Спартак (3) играат вечерва.
На другите натпревари од денешната програма:
Брондби – Ренџерс 1:1
Галатасарај – Локомотив М. 1:1
Генк – Вест Хем 2:2
Легија – Наполи 1:4
Лион – Спарта Прага 3:0
Монако – ПСВ 0:0
Олимпијакос – Ајнтрахт 1:2
Сосиедад – Штурм 1:1
ВЕЧЕРВА ИГРААТ (21:00 ч.)
Антверпен – Фенербахче
Баер Леверкузен – Бетис
Брага – Лудогорец
Црвена Звезда – Митјиланд
Динамо – Рапид Виена
Ференцварош – Селтик
Лестер – Спартак М.
Марсеј – Лацио