На „Енфилд“ беше доделен еден од најбизарните црвени картони во историјата на ЛШ (ВИДЕО)

494

Ливерпул во четвртото коло во Лигата на шампиони го совлада Атлетико со 2-0. На овој начин „црвените“ на две кола пред крајот на групната фаза го обезбедија местото во следната рунда.

Дуелот на „Енфилд“ го одбележа една чудна ситуација. Кон крајот на првото полувреме гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Фелипе, кој беше еден од најбизарните црвени картони во историјата на Лигата на шампионите.

Фелипе го фаулираше Мане. Судијата Дени Макеиле го повика Бразилецот да му даде жолт картон, но Фелипе го игнорираше.

Судијата од Холандија после тоа уште два пати го повика Бразилецот, кој одново не реагираше, сето ова беше капак. Холандскиот судија потоа извади црвен картон и му го покажа патот на Фелипе до соблекувалната.

Овој момент можете да го видите на следниот ЛИНК.

Претходно„Во еден момент јас и Робен бевме подобри од Меси и Роналдо“
СледноСе огласи и Чави: Сакам да се вратам дома