Филип за Кирил Лазаров: Кога нему му се спиеше, не смеев да дишам!

1569

Кирил Лазаров вчера ја промовираше својата автобиографија. Во истата на хартија се пресликани многу возбудливи детали од богатата кариера на најдобриот македонски ракометар, кој им порача на идните генерации дека ќе мораат да се откажат од многу работи доколку сакаат да се искачат на врвот.

„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, порача Лазаров.

На промоцијата и во книгата „Секогаш на победа“, за својот брат зборува и Филип Лазаров. Поранешниот македонски репрезентативец откри дека со Кире детството го минале во еден кревет.

„Ако нему му се спиеше, не смеев да дишам. Ако нему не му се спиеше, тоа значеше бесона ноќ пред нас. Постојано си шутиравме еден на друг, топката беше направена од чорапи, фотелјата беше поставена да имитира шут од крило“, открива Филип.

Книгата е испечатена во 4.000 примероци. На вчерашната промоција говореше и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Имав среќа во овие осум години да работиме заедно. Факт е дека ни требаше малку да се воиграме, но почнавме да функционираме тимски. Тој е вистински професионалец и човек од кој младите ракометни генерации треба да учат буквално секоја секунда. Мило ми е што во моментите на негов врв на кариерата и максимална зрелост имавме можност заедно да соработуваме“, изјави Мукаетов.

ПретходноЛиверпул и Ајакс во 1/8 финале, Интер го „растури“ Шериф (видео)
СледноЈокиќ со 34 поени и дабл-дабл – трагичар во Денвер (ВИДЕО)