Тимот на Јувентус некогаш беше поин за дефанзива, и за цврстина во овој дел од играта но во моментов тоа не е така. Тренерот на Јуве, Масимилиано Алегри е свесен за тоа и го потврдува во денешната изјава, како најава за викенд дербито против Фиорентина.
„Не треба да примаме голови, дури и кога ќе постигнеме четири. Мислам дека се уште сме меки во дефанзивата. Во исто време работите се подобри кога сме на противничката половина. Ни треба рамнотежа.Ја остваривме нашата прва цел сезонава, пласман во 1/8-финалето на Лигата на шампионите, но мораме да ја држиме устата затворена и да работиме напорно.
Мора да имаме поинаков пристап на играта кога водиме. Кога ќе постигнеме гол, ги гасиме светлата и се чувствуваме како натпреварот да е завршен“, коментира Алегри.