Навивачите на Црвена звезда предизвикаа хаос по поразот од Митјиланд (0:1) во четвртото коло од Лигата на Европа, тешко го повредија помошникот тренер на нивниот клуб.
„Делиите“ по натпреварот сакаа да го истурат бесот врз судијата Тамаш Богнар, кој исклучи двајца играчи за српскиот шампион, а додека влегуваше во тунелот кон соблекувалната фрлаа разни предмети. Наместо судијата, кој беше нивна мета, тие го погодија главата на кондициониот тренер на Звезда, Федерико Панончини. Тој со брза помош беше пренесен во болница, каде му беше дијагностициран пукнат череп.
Сето ова го следеа грачите на данскиот тим, кој беа шокирани. Одбиваа да го напуштат тревникот и да уптат кон тунелот под северната трибина. Тогаш скокна голманот на Звезда, Милан Борјан, кој застана пред лутите „Делии“ и на гостите им обезбеди сигурен влез во соблекувалната.
“Мислам дека направи нешто неверојатно. Им помогна на играчите кои се најдоа во тешка ситуација. Тој е господин, по натпреварот дојде во соблекувалната, рече дека тоа е фудбалот, дека тоа се случува и рече дека му е жал за ситуацијата. Тој е вистински капитен“, изјави капитенот на Митјиланд, Ерик Свјаченко.