Емини: Воска Спорт го респектира Гостивар, но ние одиме на победа!

497

Утре во Охрид со почеток од 13 часот, во меч од 10.коло или прво во вториот круг во ВМФЛ – ЗАПАД, екипата на Воска Спорт на свој терен го дочекува силниот состав на Гостивар. Ова е меч на кој домашните, предводени од капитенот Изаир Емини, ќе треба да докажат и покажат дека заслужено се на тоа второ место на табелата.

Исклучително важен меч за нас. Со овој натпревар го стартуваме вториот круг во оваа конкуренција. Јас, а и сите во клубот сметаме дека ќе биде тешко. Гостивар е одличен тим, ние го респектираме, но сепак одиме на победа. Нам тие три бода ни значат многу и ќе сториме се да ги освоиме. Максимална концентрација и квалитетна игра, тоа е биде рецептот како да се добие Гостивар“ вели Емини за Спортмедиа.

Во јули, во летниот преоден рок, на големо изненадување Изаир Емини, искусниот напаѓач кој има играно за Ренова и Шкендија, кој бил шампион на Македонија, потпиша за Воска Спорт, за новиот второлигаш.

И верувајте дека не погрешив. Некои луѓе беа скептични, но не и јас. Воска Спорт е добро организира клуб, клуб кој мене лично а и сите играчи во целост ги респектира. Токму затоа еве користам можност јавно да им се заблагодарам на газдата Нефи Усеини, директорот Артан Борова, потоа претходниот тренер Раде Цицмиловиќ и сегашниот Даниел Стојановски за тој голем респект што го имаат кон мене. Јас, заедно со моите соиграчи ќе дадам се од себе прво лично, а потоа и како екипа, да ги оствариме целите и амбициите на клубот. На тој начин да им се одолжам“ заврши Емини.

ПретходноНовак го победи Фриц и влезе во полуфиналето во Париз!
СледноАко Икарди се разведе од Ванда тогаш таа добива 70 милиони евра и сите пет куќи!