0
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер доби добри вести од медицинскиот тим на клубот. Дефанзивецот Виктор Линделоф се опорави и ќе може да игра во дербито со Манчестер Сити. Швеѓанецот ја пропушти пресметката со Аталанта во Лигата на шампионите оваа недела поради повреда добиена на тренинг, но сега е здрав и подготвен за игра, соопштија од клубот.