Новак го победи Фриц и влезе во полуфиналето во Париз!

111

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, успеа да се пласира во полуфиналето на АТП Мастерсот во Париз. Србинот го победи Тејлор Фриц со 2:0 во сетови и 6:4 и 6:3 во гемови. Можеби резултатот не кажува така, но Новак и тоа како си имаше проблеми со Фриц, и мораше на моменти да даде се од себе за да дојде до поен. Сепак на крајот славеше.

Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека двобој со Хуберт Хуркач од Полска. Ова за него ќе биде важен меч зошто со пласман во финалето тој ќе го обезбеди и официјално првото место на АТП листата за оваа година.

ПретходноЧави ќе ги „откачи“ Дембеле и Де Јонг, а со еден потег покажа колку ја сака Барса!
СледноЕмини: Воска Спорт го респектира Гостивар, но ние одиме на победа!