Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере, ја коментираше информацијата дека Лионел Меси е сигурен добитник за „Златната топка“ за оваа година.
„Апсолутна глупост! Многупати во последните 10 години бевме сведоци на вакви гласини. Ова е целосна измислица. Сè уште не сме го известиле победникот“, изјави бесниот Фере, цитиран од француските медиуми.
Меси е еден од големите фаворити за највредното индивидуално признание во светот на фудбалот. Доделувањето на наградата ќе се одржи на 29 ноември во Париз.