Младиот талентиран напаѓач на Салцбург, Карим Aдејеми, нема долго време да се задржи во Австрија. Германскиот репрезентативец по извонредните настапи за Салцбург, но и по дебито за германската репрезентација, веќе е на мета на најголемите европски клубови.
Денеска стигна информација дека агентот на Адејеми бил виден во Мадрид, каде наводно е дојден на специјални средби со раководствата на Реал (М) и Атлетико (М) кои пројавиле сериозен интерес да го купат Адејеми следното лето.
За 19-годишниот германски репрезентативец е заинтересиран и Баерн Минхен, но и ПСЖ. Адејеми треба да донесе одлука за иднината до крајот на ноември. Неговиот договор со Салцбург е со важност до летото 2024 година. Според шпекулациите, Салцбург би се соглесил да го продаде за сума не помала од 35 милиони евра.