Фреди Алварез е веројатно во изминатиот дел од сезоната најдобриот или меѓу тројцата најдобри играчи во ПМФЛ. Шкупи во него има вистинско богатство во средниот ред, и дефинитивно тој е “моторот“ на лидерот. Во пресрет на утрешниот дуел од 13.коло во ПМФЛ и гостувањето во Ѓорче ка препородената Македонија ЃП, интернационалецот од Костарика за клупската интернет страница изјави:
“Несомнено тоа ќе биде тежок натпревар, но ние ќе одиграме во текот на сите 90 минути за да дојдеме до нови три бода. Сакаме и натаму да бидеме на тоа прво место, сакаме со победа да ги израдуваме нашите верни фанови, фанови на Шкупи, бидејќи тие го заслужуваат тоа. Знаеме дека мечевите со локалните ривали секогаш се тешки, но ние имаме намера да го дадеме својот максимум“ истакна Алварез.
Инаку Шкупи утре во Ѓорче ќе оди по својата десетта победа и сезонава и четврта како гостин.