Арсенал се согласи на 80 милиони за Влаховиќ, напаѓачот сака во поголем клуб

345

Џанлука Ди Марцио, еден од најкомпетентните ликови во трансфер фудбалскиот свет, предмалку објави дека тимот на Арсенал се согласил да ја исплати откупната клаузула за Душан Влаховиќ вредна 80 милони евра. Истата е поставена откако Фиорентина, неговиот сегашен клуб се помири со фактот дека Србинот нема да биде уште долго во клубот, и нормално реши да заработи на него. Времето е кратко, неговиот актуелен договор е до 2023 година па „дилот“ околу иднината на еден од најперспективните млади напаѓачи во светот треба да биде обавен час поскоро.

Проблемот би можел да настане како што потенцира Ди Марцио кај самиот Влаховиќ кој наводно сака да замине во поголем клуб од Арсенал, во моментов, односно очигледно во клуб кој ќе има поголеми шанси за успех пред се во Лигата на Шампионите.

 

ПретходноПроблем во Ливерпул, Фирмино еден месец во „аут“
СледноПознато е името на освојувачот на „Златната топка“