Пеп Гвардиола изјави дека не чувствува посебни емоции пред големиот дерби-дуел со Манчестер Јунајтед градските ривали го играат утре на „Олд Трафорд“ од 13.30 часот.
„Некако не ја чувствувам атмосферата. Се будам наутро и одам директно во балонот на нашиот клуб. Обично сум таму 12 или 14 часа, а потоа си одам дома. Не одам во ресторани или барови. Можам да замислам колку е важен натпреварот за двата тима, но морам да бидам ладен за да знам што треба да направиме и да го дадеме најдоброто од себе. Одигравме неколку добри натпревари против нив и мислам дека и сега ќе биде така“, изјави Гвардиола.