Катарскиот клуб АЛ Сад предмалку потврди дека е постигна договор со тимот на Барселона, и досегашниот негов тренер Чави Хернандез има дозвола да се пресели на Ноу Камп.
Со ова е завршена еднонеделната сага околу пронаоѓањето заеднички јазик на релација, Ал Сад – Барселона – Чави па легендата на Шпанскиот фудбал и конкретно на Барселона ќе може да се врати во неговиот поранешен клуб овојпат како тренер.
По отказот на Роналд Куман, Барселона беше во потрага по нов тренер, изборот веднаш падна на Чави но со оглед на неговиот ангажман во Катар беа потребни неколку дена за да се „испеглаат“ сите детали.
Тој би требало да пристигне во Барселона веќе во текот на денешниот ден.
Turki Al-Ali: The #AlSadd administration has agreed on Xavi’s move to Barcelona after the payment of the release clause stipulated in the contract. We’ve agreed on cooperation with Barcelona in the future. Xavi is an important part of Al-Sadd’s history and we wish him success. pic.twitter.com/3FvCOdYl5X
— 🏆 #76 Al Sadd SC | نادي السد (@AlsaddSC) November 5, 2021