За Црвена Звезда следува драконска казна (ВИДЕО)

634

Тимот на Црвена Звезда се соочува со сериозна казна од страна на УЕФА по вчерашниот инцидент на мечот на домашен терен против тимот на Митјиланд, кој Белграѓани го загубија со 0:1, а навивачите беа гневни на арбитражата. При излезот од теренот на актерите на мечот, мета на атаци беше главниот судија од Унгарија, Тамаш Богнар, кон кого летна од трибините се и сешто. Не беше погоден тој, туку помошникот на Дејан Станковиќ, тренерот на Црвена Звезда, Федерико Паноничи кој заврши во поблница откако кованица го погоди во главата.

Црвена Звезда и онака беше под условна казна поради навредите кон Златан Ибрахимовиќ на мечот против Милан, минатата сезона, па сега може само да се претпостави што следува од УЕФА по овој инцидент синоќа.

ПретходноКавани е прв на списокот на Барселона од четири потенцијални замени за Агуеро
СледноРома размислува да го врати Рудигер