Данил Медведев обезбеди место во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Рускиот тенисер вечерва го победи домашниот претставник Хуго Гастон со 7:6 (7), 6:4.
Со голема поддршка од трибините, 103. тенисер во светот му пружи голем отпор на вториот носител во првиот сет, кога имаше дури три сет топки. Сепак, Медведев ја искористи секоја шанса, па по еден час борба го освои првиот сет. Во вториот направи серија од 4:0 на почетокот, а Гастон се разбуди доцна за да направи изненадување.
Минатогодишниот шампион остана во борба за првото место на АТП листата на крајот од годината.