Лејкерси им се „коњак“: Оклахома се врати од минус 19, Вестбрук промаши за продолжение (ВИДЕО)

639

Кога Оклахома би можела да игра секоја вечер со ЛА Лејкерс, би можела да изгледа многу подобро. Тандерси немаат старт од соништата во НБА-лигата, а единствените две победи ги запиша токму против „езерџиите“.

И на вториот дуел Оклахома излезе како победник, иако имаше негатива од 19 поени (44-25) и губеше до пред стартот на последната четвртина, сепак успеа да се врати. Тандерси со серија од 13-0 поведоа со 84-88 за првпат на мечот. Дуелот влезе во неизвесна завршница во која Расел Вестбрук промаши за продолжение, на крајот неговиот тим го запиша четвртиот пораз (104-107).

Во составот на тимот од ЛА го немаше Леброн Џејмс, во негово отсуство најефикасен беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 29 поени и 18 скока, Вестбрук имаше 27 поени, додека Кармело Ентони броеше до 21 поен. Кај победникот Шај Гилџес Александар реализираше 27 поени.

На останатите средби Детроит загуби од Филаделфија со 98-109, Јута беше подобра од Атланта со 98-116, Мајами загуби од Бостон со 78-95 и Феникс беше подобар од Хјустон со 123-111.

ФОТО: НБА/Инстаграм

ПретходноМеси експресно замина за Мадрид
СледноДанците се исплашија за својот живот, ги спаси голманот на Звезда, настрада помошникот на Станковиќ