Линделоф ќе биде подготвен за дербито со Сити

116

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер доби добри вести од медицинскиот тим на клубот. Дефанзивецот Виктор Линделоф се опорави и ќе може да игра во дербито со Манчестер Сити. Швеѓанецот ја пропушти пресметката со Аталанта во Лигата на шампионите оваа недела поради повреда добиена на тренинг, но сега е здрав и подготвен за игра, соопштија од клубот.

Враќањето на Линделоф го израдува Солскјер, особено во овој тежок момент кога уште еден централен дефанзивец, Рафаел Варан, заработи повреда која би го оддалечила од терените речиси еден месец. Солскјер почна да игра дури и во формација со тројца дефанзивци со оглед на поблемите во овој дел од тимот, па можно е истото да се случи и на мечот со Сити кој патем се игра во сабота од 13:30 часот. Линделоф, Ерик Баи и Хари Мегваер се тројката со која јавноста во Англија шпекулира дека Јунајтед ќе настапи утре. 

ПретходноРома размислува да го врати Рудигер
СледноФФМ во „војна“ со АМС за Берат Калкан