Меси експресно замина за Мадрид

969

Напаѓачот на ПСЖ излезе на полувремето против Лил, го пропушти дуелот со Лајпциг во Лигата на шампиони во средата. Лионел Меси поради проблем со тетивата на левото колено вчера отпатува за Мадрид на лекарски прегледи.

Аргентинецот од 2. септември ја влече повредата, сега е на прегледи во престижната регенеративна клиника. Тоа е рутинска консултација со лекарите и биостимулациски третман.

Меси во Мадрид беше и ова лето, пред да потпише за ПСЖ. Оваа клиника е доста позната, таму долго време се лечеше и Нејмар, како и неколку играчи на Ла Лига и кошаркари од Лига Ендеса.

По посетата на Мадрид, тој се врати во Париз, останува да видиме дали ќе заигра на мечот против Бордо или дали ќе биде на располагање на Аргентина за квалификациските мечеви за СП 2022 година во Катар.

ПретходноКЛ: Рома пак не го победи Бодо, пет гола и три црвени картони на Тотенхем-Витесе
СледноЛејкерси им се „коњак“: Оклахома се врати од минус 19, Вестбрук промаши за продолжение (ВИДЕО)