Нов дебакл на европскиот шампион: Зенит го „потопи“ Анадолу Ефес

127

Кошаркарите на Зенит триумфално заминаа од Турција, откако денеска беа подобри и славеа над европскиот првак Анадолу Ефес со 90:79, во меч од осмото коло од Евролигата. Рускиот тим го забележа петтиот триумф во сезонава, додека актуелниот европски шампион продолжи со катастрофалните изданија и запиша шести пораз.

Конор Франкамп го предводеше Зенит до победа со 18 поени. Миндугас Кузминскас постигна 15, а Били Берон 10.

Во вториот завршен меч од 8. коло вечерва, екипата на Алба од Берлин како гостин славеше во Вилнус против Жалгирис со 79:71 и ја оствари третата сезонска победа.

ПретходноТухел се насмеа на прашањето за Тотенхем!
СледноПризнание за Бојан Колевски: Екс-напаѓачот на Вардар најдобар во колеџ-лигата